Oд заталкан куршум истрелан на свадбена веселба синоќа во гостиварското село Форино е повредено деветгодишно дете. Детето, кое седело на балкон, добило само полесни повреди. Според тетовската полиција, синоќа околу 18.30 часот во дворот на Ш. Б. (50) имало семејна веселба на која, засега непознато лице, истрелало повеќе куршуми од огенено оружје. Дел од куршумите завршиле во столб од балконот на соседната куќа, сопственост на Н.Ј. (68). Парчиња од проектилите и од бетонот ја расекле левата подлактница на детето, кое во тој момент се наоѓало на балконот.
Увид на местото извршила екипа на крим-техника, а биле најдени и истрелани куршуми, кои ќе се вештачат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.