Нејт Робинсон се согласи со Денвер Нагетс да потпише двегодишен договор вреден 4,3 милиони долари. Робинсон минатата сезона во тимот на Чикаго Булсво има во просек по 13,1 поени, 4,4 асистенции и 24,4 одиграни минути по натпревар. Погоди 141 тројки од 348 обиди (40,4% прецизност), а од него попрецизни се само двајца од редовите на Денвер Нагетс, Вилсон Чендлер (41,3%) и Еван Форнер (40,7%) кои шутнаа над 50 пати за тројка.
Робинсон (29) има и кратка историја со Денвер Нагетс. Тој беше инволвиран во тепачката меѓу Нагетс и Никс, која се случи во 2006 година кога Кармело Ентони и Џ.Р.Смит се сплеткаа со Марди Колинс и Робинсон.
Во редовите на Чикаго Булс минатата сезона Робинсон постигна 23 поени во четвртата четвртина против Нетс во плејофот за вкупни 34 поени постигнати на тој натпревар.
Во 2000 година на олстар-викендот Робинсон стана првиот трикратен победник во забивање. Истата награда ја зеде и во 2006 и во 2009 година.
НБА ветеранот, кој е 8 години во лигата, беше драфтуван од Феникс како 21 пик на драфтот во 2005 година. Нејт во целата своја кариера има просек од 11,5 поени и 3,0 асистенции по натпревар со 36,3% прецизност од линијата за 3 поени. Има играно за Бостон Селтикс, Оклахома Сити Тандер и Голден Стејт Вориорс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.