Бразилската полиција денеска со солзавец и водени топови растера стотици демонстранти кои се собраа пред палатата на гувернерот на сојузната држава Рио де Жанеиро, каде што се сретнаа поглаварот на Католичката црква, папата Франциск, и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.
Најмалку еден демонстрант е уапсен, а еден фоторепортер е повреден.
Папата Франциск денеска допатува во седумдневна посета на Бразил по повод Светскиот ден на младите, тоа е негово прво прекуокеанско патување откако стана поглавар на Католичката црква.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.