Американскиот актер Денис Фарина, почина денес на 69-годишна возраст, пренесуваатсветските медиуми.
Тој починал утрово во болница во Аризона откако бил хоспитализиран поради згрутчување на крвта во неговите бели дробови.
Фарина беше најпознат по улогата на детективот Џо Фонтана во познатата серија „Закон и ред“, но беше дел и од многу холивудски филмски хитови како „Снеч“ и „Спасувајќи го војникот Рајан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


