| четврток, 6 декември 2018 |

Дрита казнета со -3 бода и парична казна од 2.500 евра за напуштањето на баражот

Поради напуштањето на бараж натпреварот против Еуромилк, Дрита ќе треба да плати парична казна од 2.500 евра и новото првенство во Втората лига ќе го стартува со „минус 3 бода“ . Фудбалерите во 70. минута го напуштија натпреварот што се одигра на Градскиот стадион во Штип, сметајќи дека биле оштетени од судиите на чело со Далибор Ѓорѓевски.

Комесарот за натпревари при ФФМ го регистрира натпреварот со службен резултат 3-0 за Еуромилк, а Дрита ја предаде на Дисциплинската комисија која одлучи да ја казни Дрита со 2.500 евра парична казна и да стартува со негатива од три бода во новиот шампионат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top