Баркли е моментално работи како аналитичар на ТНТ,упати жестоки критики кон политиката на Лос Анџелес Лејкерс, за кои вели дека се катастрофални, а нивната ужасна политика ќе се покаже во наредната сезона. Тој вели дека Двајд Хауард го направил вистинскиот потег со тоа што ги напуштил Лејкерс:
„Добро направи, двете најдобри опции му беа Хјустон и Голден Стејт. Помеѓу Рокетси ќе може да напредува. Го има Харден кој е одличен, млад тим, ќе може да работи со Мек Хејл, кој ќе му помогне да напредува во играта во нападот, што му е и најголемиот проблем. За Лејкерс, ме зачудува колку се лоши, едноставно ме зачудува. Тие се минато, им следи ураган, ќе видат оваа. Нема тоа никаква поврзаност со Коби, го сакам тој кошаркар, станува збор за фантастичен играч, ќе видиме што ќе се случи со тимот“ изјави Баркли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


