Во саботата наутро беа продадени двата шампионски прстени од првата воопшто титула во кариерата на Коби Брајант за вкупна сума од 282.337 долари и со ова заврши едномесечната аукција организирана од Goldin Аuctions од Њу Џерси, на која покрај дупликатите на шампионските прстени на Брајант од 2000. година беа продадени уште неколку предмети од кои Коби не заработи ниту долар.
Предметите на аукција ги даде неговата мајка Памела, која веднаш по објавувањето на таквите нејзини планови порано оваа година влезе во судски спор со самиот Коби. По постигнатиот договор, Памела повлече 90% од планираната аукција од предметите на Коби кои таа ги поседува.Сепак, и останатите 10% и тоа како добро поминаа на споменатата аукција на која тие достигнаа вкупна цена од 433.531 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…


