| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Груевски го потврдува ниското ниво на политичка култура

vmro-dpmne-sdsmНаместо да се концентрира на суштината на проблемот со работењето на Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември, Никола Груевски продолжува со вулгарен и навредлив однос кон опозицијата, со што уште еднаш се потврдува неговото ниско ниво на политичка култура – реагираа од СДСМ по изјавите на премиерот Никола Груевски дека СДСМ на моменти има двојно, а некогаш и тројно водство.

Понатаму додаваат:

– На Груевски мора да му стане јасно дека токму ваквиот однос кон клучните прашања за државата и начинот на комуникација со политичките противници ѝ нанесуваат непроценлива штета на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top