| четврток, 6 декември 2018 |

ТАВ Македонија: Пилотот поради ветар ја ограничил тежината на полетувањето

avion bel– Одлуките во врска со багажот и неговото товарење зависат од пилотот на летот, во зависност од факторите како што се: временските услови, тежината на товарот и техничките перформанси на воздухопловот, кои се однесуваат на безбедноста на летот. Таквите одлуки ги носи пилотот, а не аеродромот и овие постапки претставуваат секојдневна рутина и може да се случат кај секоја авиокомпанија. Конкретно во овој случај, пилотот на воздухопловот АТР 72 ја ограничил максималната тежина на полетување на 21.000 килограми наместо 22.800 килограми поради силниот ветар во спротивен правец, како и топлото време во Скопје и моторните перформанси на леталото, a одлуката била донесена 20 минути пред предвиденото време на полетување. „ТАВ Македонија“ е секогаш во служба на своите патници во рамки на своите надлежности, но во овој случај патниците треба да се обратат кај авиокомпанијата за информации во врска со нивниот багаж – реагираат од ТАВ Македонија по објавувањето на информацијата дека седумдесет патника останале без својот багаж. Тие летале со албанската авиокомпанија „Бел ер“ која сообраќа преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на релација Скопје-Рим. Според патниците, картите ги купиле на пултот на „Бел ер“ на аеродромот на ТАВ во Скопје и уредно го пријавиле својот багаж. Кога слетале во Рим, им било соопштено дека багажот воопшто не бил натоварен во нивниот авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top