Шпанскиот дебитант во класата Мото ГП, Марк Маркез, победи на познатата патека во Лагуна Сека, САД, и ја зголеми предноста во генералниот пласман пред конкурентите. Моментно, тројца Шпанци се на првите три места, зад Маркез се Дани Педроса со 147 поени, додека Хорхе Лоренцо е третопласиран со 137 поени.
Маркез делуваше одлично на синоќешната трка, одолевајќи на притисоците на ривалите и на крајот сосема заслужено ѝ се израдува на новата победа во Мото ГП шампионатот. Тој го освои првото место со повеќе од две секунди подобро време од Германецот Брадл, а третопласиран беше Валентино Роси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


