| четврток, 6 декември 2018 |

Маркез најбрз на Лагуна Сека

Шпанскиот дебитант во класата Мото ГП, Марк Маркез, победи на познатата патека во Лагуна Сека, САД, и ја зголеми предноста во генералниот пласман пред конкурентите. Моментно, тројца Шпанци се на првите три места, зад Маркез се Дани Педроса со 147 поени, додека Хорхе Лоренцо е третопласиран со 137 поени.

Маркез делуваше одлично на синоќешната трка, одолевајќи на притисоците на ривалите и на крајот сосема заслужено ѝ се израдува на новата победа во Мото ГП шампионатот. Тој го освои првото место со повеќе од две секунди подобро време од Германецот Брадл, а третопласиран беше Валентино Роси.

Дани Педроса и Хорхе Лоренцо, и покрај сериозните проблеми со повредите, настапија во Лагуна Сека и го освоија петтото, односно шестото место. Маркез направи уште еден подвиг за респект и стана првиот дебитант што славел на патеката во Калифорнија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top