| четврток, 6 декември 2018 |

Кежаровски почнува штрајк со глад

 tomislav kezarovskiНовинарот Томислав Кежаровски од денеска почнува штрајк со глад во знак на протест од односот на институциите кон него.

Кежаровски, кому неделава му истекува и второт месец од притворот откако беше уапсен во акцијата „Ликвидација“, до крајот на минатата недела не добил одговор што ќе се случува со него натаму.

Новинарскиот синдикат застанува зад неговата одлука и оттаму тврдат дека како гаранција за ослободување од притвор и да добие можност да се брани од слобода бил понуден неговиот имот.

Тој се товари дека противзаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок за случајот за нарачаното убиство во селото Ореше во текст од 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top