| четврток, 6 декември 2018 |

Следува недела со тропски температури

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7, а температурата ќе се движи од 25 до 33 Целзиусови степени. Ова е прогнозата на метеролозите за утре.

Слична е прогнозата и за вторник, за кога е најавена температура до 35 степени. Метеролозите најавуваат дека од среда, поради топлата воздушна маса која доаѓа од Африка, следува пораст на температурата. Веќе од четврток се очекува температура до 38 Целзиусови степени. Максимумот топлотниот бран ќе го има во деновите од наредниот викенд кога се очекуваат пеколни температури кои ќе достигнат и до 42 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе биде 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top