| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во Лариса

Со  силна  бомба  денеска е извршен напад  врз куќата на  еден обвинител  во центарот на градот Лариса во Грција, но никој не е повреден јавија агенциите, пренесе Р.С.Е.
 Обвинителот  не бил дома кога се случила експлозијата.Здружението на судии во Грција во петокот побара да им се осигура безбедноста од екстремните опасности со кои се соочуваат поради својата работа.
Тоа беше нивен одговор на обидот за бомбашки атентат во средата врз еден суд во Атина. Полицијата ја деактивираше пакет бомбата што пристигна во судот.Полицијата на левицата и анархистите им ги препишува нападите на државните претставници,дипломати и судии кои со години се мета на атентати во Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top