Повеќе стотици луѓе ја нападнале полициската станица во францускиот град Трап, за време на протестите поради инцидент што избувнал кога еден полицаец се обидел да ѝ напише казна на една жена зашто носела муслимански превез преку лицето, што во Франција е забрането со закон од 2011 година.
Во насилствата во Трап, западно од Париз, минатата ноќ биле повредени еден тинејџер и четворица полицајци, а шест лица се уапсени, рекол денеска претставник на регионалната полициска управа.
Групата напаѓачи палеле контејнери и кршеле автобуски станици, а полицијата кон нив употребила солзавец.
Насилството избило за време на протестниот собир поради апсењето маж на чија сопруга ѝ била напишана казна поради носење бурка. Мажот го нападнал полицаецот што ја напишал казната, рекол претставникот.
На жените во Франција од 2011 година им е забрането да носат муслимански превези преку лицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.