Швајцарскиот град Лугано е познат по казината и коцкањето, каде главни клиенти беа Италијани. Либерализацијата на некогаш строгите правила на оваа претежно католичка земја, придонесоа коцкањето да добие на значење во Италија, чија економија во моментов е во најголема криза во последниве 20 години. Италијанската криза во комбинација со јакнењето на швајцарскиот франк донесоа тешки времиња за казината во швајцарскиот кантон Тичино. Слабоста на коцкарската индустрија е во потполна спротивност со остатокот од швајцарската економија која успеа да се опорави од успорувањето во 2009 година. Имено, бруто приходите на казината во Швајцарија минатата година паднале за 24 проценти во споредба со 2008 година, кога изби финансиската криза, покажуваат официјалните податоци. Швајцарските казина минатата година претрпеа пад од осум проценти на 757 милиони франци (800 милиони долари), според податоците на Федерацијата на швајцарските казина.
-Луѓето минатата година трошеа помалку, изјави менаџер на едно казино во Лугано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.