Премиерот Никола Груевски вели дека комисијата која ги расчистува настаните од 24-ти декември, треба да продолжи со работа, и покрај оставката на Борче Давитковски.
Со тоа, според Груевски, се согласил и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со кој телефонски разговарал.
Груевски и Заев се согласиле веќе од понеделник ад хок комисијата да продолжи со работа.
Премиерот смета дека одговорот на прашањето зошто сега СДСМ ретерира треба да се бара во „сеништето во СДСМ“.
– Зборував со Заев пред неколку дена, се договоривме комисијата да продолжи и без Давитковски. Сега се јавува вториот глас, гласот на сеништето во СДСМ кое беше отсутно од активностите во СДСМ додека беше на одмор. Заев очигледно нема контрола над ситуацијата, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер