| четврток, 6 декември 2018 |

Вчера 100 илјади посетители, денес се очекува три пати повеќе

12 илјади возила влегоа во градот синоќа, а 100 илјади посетители се згужваа на прилепскиот плоштад уживајќи во пивото, скарата и музиката. Официјалните бројки велат дека вчера се испило 34 тони пиво, а се изеде скоро 29 тони на печено мевце. Кога ќе се додадат и бројките од првиот ден, се добива вкупно испиено 64 тони пиво, а изедено 42 тони скара во текот на 2 дена.

Вчера покрај настапот на српскиот шармер Владо Ѓеоргиев, и енергичниот и опасен по живот настап на Ина, настапуваа и Давид Нешкоски трио, како и Калиопи.

FUN_7035 FUN_6998 FUN_6976

Минатогодишниот рекорд е 174 тони пиво, односно 72 тони скара. Вечерва се очекува најголемата гужва, а покрај нашите Миле Кузмановски и Соња Тарчуловска, настап на големата сена во Прилеп ќе имаат и хрватската миленичка Данијела Мартиновиќ, како и Халид Бешлиќ кој по проверено добрата забава од лани, општината реши повторно да го покани да настапуба на „Пивофест 2013“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top