Двајца жители на кумановското село Табановце се уапсени осомничени дека учествувале во убиството на мигрант во близина на српската граница. Првоосомничениот, кој бил од истото село, е недостапен за полицијата.
Според МВР, Ј.В.(28), Д.П.(24) и С.Л.(28), на 15 овој месец се договориле да ограбат мигранти кои повремено минуваат крај нивното село во правец на Србија. Следниот ден, околу 1.30 часот излегле покрај автопатот во с. Табановце и откако забележале група мигранти, првопријавениот тргнал кон нив и им издал наредба да застанат, по што со ловна пушка сопственост на неговиот татко, во воздух испукал еден патрон. Групата наместо да застане, почнала да бега. Во тој момент некој од мигрантите со камен гаѓал кон напаѓачите при што каменот го погодил првопријавениот во пределот на лицето и тој изреволтиран испукал неколку патрони кон групата, при што го лишил од живот мигрантот кој по потекло е од Бангладеш и ранил три мигранти од Бангладеш и Пакистан.
По инцидентот напаѓачите веднаш избегале од лице место, по што дошле во куќата на Ј.В. каде што се договориле на никого да не кажуваат за настанот, а Ј.В. веднаш ја исчистил пушката.
По извршен претрес во домовите на пријавените одземени се две ловни пушки. По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија од ОС Куманово на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што Д.П. и С.Л. се спроведени до затвор Скопје, а првопријавениот се наоѓа во бегство.
Третопријавениот е познат сторител на слични кривични дела, во 2011 година е пријавен за разбојништво над мигранти и други кривични дела со елементи на насилство за што е и осудуван. Останатите пријавени се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа