Истрагата за смртта на Никола Младенов која почна со многу критики и сомневања е затворена со многу дупки низ кои се уште со голем интензитет течат шпекулации и полувистини кои ги измислуваат или пренесуваат различни групи граѓани. Поминаа речиси четири месеци од трагичната смрт на еден од највлијателните македонски новинари. Во овој период истражните органи не само што не успеаја да ги расветлат деталите во врска со сообраќајната несреќа, туку дополнително ја заматија и така нејасната слика за последните мигови од неговиот живот.
Еден од спорните моменти во истрагата кој го анализира неделеникот Република во својот најнов број е образложението на обвинителката која тврди дека телефонот на Младенов бил дома и исклучен, а сите кои помалку или повеќе го познаваа знаат дека имаше два телефона, од кои оној што сега никој не го споменува беше со него во моментот на несреќата.
Зошто некој сакал вака да се затвори случајот е уште едно неодговорено прашање кое порано или подоцна, јавно или неофицијално, ќе мора да одговори.
Кој разговарал со Никола Младенов по 16.05 часот (откако истрагата заклучи дека Младенов го исклучил мобилниот) и кои се обидувале да стапат со него во конктакт на неговиот втор мобилен телефон прочитајте во новиот број на неделникот Република кој е во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око