Откако случајот со припадникот на АРМ што спиел на стража алијансата го реши на елегантен начин со негово враќање во матичната земја, ситуацијата е доведена на раб на воено-дипломатски конфликт меѓу НАТО и АРМ. Двете воени институции во изминатите седум-осум години изградија одлични односи и благодарение на одличните перформанси што македонските војници ги покажуваа на терен во опасните Ирак и Авганистан донесоа десетици врвни воени одликувања во земјава.
Според неофицијални информации на „Република“, тиквата е на пат да пукне откако штабот на НАТО во Ирак преку своите луѓе во Скопје дознал за припадник на АРМ што во Кабул пристигнал со вакцини кои ги примил за само неколку дена иако поради нивната тежина и можни негативни нус-појави тие требало да се примаат во рок од неколку недели. Војникот на АРМ што за рекордно време ги примил тешките вакцини, всушност, немал голем избор. Таа на списокот за Авганистан била ставена само неколку дена пред последната ротација на АРМ да замине за Кабул.
Целиот текст е објавен во 46. број на неделникот Република, кој од денеска (19.7.2013) е во продажба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.