Мелиса Тубати (39), личната асистентка на Меган Маркл даде отказ, откако се расплакала поради преголемите барања на војвотката.
Мелиса за Меган работела само 6 месеци и повеќе не можела. Пред ангажманот во кралското семејство Тубати работела за пејачот Роби Вилијамс.
Иако точната причина за отказот не е позната, тие две се раделија набрзо откако исплива информацијата дека Меган се однесува арогантно кон персоналот.
-Константно работеше под притисок и веќе не можеше да издржи. Сето тоа беше премногу за неа. Меган и даваше премногу задолженија што ја доведе до солзи. Мелиса навистина е талентирана и имаше значајна улога во кралската венчавка. Ќе им недостига на сите во Кенсингтонската палата-открил извор близок на кралското семејство.
Друг извор раскажал дека Мелиса е фантастична, дека професионално ја работела работата, но дека во оваа ситуација најдобро за двете е секој да си тргне по својот пат.
Инаку британските медиуми неодамна пишуваа дека Меган се однесува како диктатор, дека е арогантна кон персоналот, како и дека им праќа мејлови во раните утрински часови.
Исто така војвотката од Сасекс наводно на денот на својата венчавка се скарала и со Кејт Мидлтон, која исто така ја расплакала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Врие на британскиот двор: Меган Маркл беше одвоена од Кејт, кралицата и Камила!