| четврток, 6 декември 2018 |

Хазби Лика заминува од Владата?

Многу е веројатно дека Хазби Лика, заменик-претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем да земине од оваа позција Според некои информации, на местото на Лика, можно е да дојде Атила Реџепи, поранешен директор на Тетовската болница.

Во јавноста се шпекулира и за смена на Крешник Бектеши, министерот за екомонија.

– До овој момент со мене ниту лидерот Али Ахмети, ниту премиерот Зоран Заев не разговарале за моја смена од функцијата во Министерството за економија – изјави за „Плусинфо“ министерот за економија Крешник Бектеши, по информациите во некои медиуми, дека тој и вицепремиерот за Рамковен договор, Хазби Лика ќе бидат сменети од позициите.

Извори од ДУИ брифираат дека Лика одамна е затворено прашање, но се чека на неговата смена бидејќи се бара начин како тоа да се изведе.

И покрај најавата на Заев дека тој што не доаѓа на работа и не работи ќе биде сменет, алудирајќи на вицепремиерот за Рамковен, очекувањата во партијата се остваруваат дека Лика самиот нема да си поднесе оставка. Од тука, најверојатно Заев чека погоден момент да го разреши вицепремиерот од функцијата.

Сепак, од ДУИ брифираат дека и покрај демантот на Бектеши, нема да биде изненадување ако има смени и во Министерството за економија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top