| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот Хазби Лика му е лут на Ахмети и два месеци на доаѓал на работа

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика два месеци не одел на работа, бидејќи му бил лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети, објавува порталот „Сакамдакажам.мк“.

Според порталот, Лика не доаѓал на работа бидејќи бил  револтиран од  Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер. Тој не бил присутен и на вчерашната владина седница.

Бидејќи Лика не доаѓа на работа, блокирано е и прераспределувањето на вработените по Рамковниот договор кои не одат на работа, а земаат плата на места кои се соодветни на нивното образование. Лика не дојде ниту на семинарот РОС-РОТ, организиран минатата недела од парламентарното Собрание на НАТО што се одржа во Собранието, иако беше најавен како еден од говорниците.

Од владината служба за информирање за „СДК“ велат дека вицепремиерот работи во Владата, а за подетални информации тие ги упатиле да контактираат со кабинет на Лика.

Извори од ДУИ велат лидерот Ахмети го ставил Лика за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор за да го неутрализира незадоволството на крилото од поранешните команданти на УЧК, каде тој бил влијателен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top