Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовните прашања постигнала согласност да предлжи на владите заедничко славење на Светите Браќа Кирил и Методj, како и заедно да се чествува Григор Прличев e епилогот на дводневната втора средба на комисијата во Националниот историски музеј во Бугарија, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).
Комисијата сé уште не постигнала договор за цар Самуил.
-Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и специјално за личноста на цар Самоил, изјави претседателот на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров.
Согласноста за интерпретацијата на заедничкото минато на Бугарија и Македонија е поврзано со формулациите, а не со историската содржина.
-Разговорите беа сериозни, долготрајни, професионално конкретни, но сепак тешко доаѓаме до заеднички став, вели Димитров.
Меѓу темите кои остануваат за следниот состанок на Комисијата закажан во декември во Македонија, е прославата на цар Самуил.
Претседателот на македонскиот дел од комисијата професор Драги Ѓоргиев изјави дека „не се откажуваме од верувањето дека и во двете земји цар Самуил треба да се слави. И веќе постои таква практика. Постојат некои двосмислености кои треба да се разгледаат…“.
По вчерашната средба експертите од двете земји се подготвени и со своите предлози за учебниците по историја, кои го опфаќаат периодот од праисторијата до крајот на средниот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст