| четврток, 6 декември 2018 |

Со Бугарија заедно да ги славиме Кирил и Методиј и Прличев – за Самоил се преговара

Заедничката бугарско-македонска комисија за историските и образовните прашања постигнала согласност да предлжи на владите заедничко славење на Светите Браќа Кирил и Методj, како и заедно да се чествува  Григор Прличев e епилогот на дводневната втора средба на комисијата во Националниот историски музеј во Бугарија, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).

Комисијата сé уште не постигнала договор за цар Самуил.

-Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и специјално за личноста на цар Самоил, изјави претседателот на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров.

Согласноста за интерпретацијата на заедничкото минато на Бугарија и Македонија е поврзано со формулациите, а не со историската содржина.

-Разговорите беа сериозни, долготрајни, професионално конкретни, но сепак тешко доаѓаме до заеднички став, вели Димитров.

Меѓу темите кои остануваат за следниот состанок на Комисијата закажан во декември во Македонија, е прославата на цар Самуил.

Претседателот на македонскиот дел од комисијата професор Драги Ѓоргиев изјави дека „не се откажуваме од верувањето дека и во двете земји цар Самуил треба да се слави. И веќе постои таква практика. Постојат некои двосмислености кои треба да се разгледаат…“.

По вчерашната средба експертите од двете земји се подготвени и со своите предлози за учебниците по историја, кои го опфаќаат периодот од праисторијата до крајот на средниот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top