| четврток, 6 декември 2018 |

„Нахрани кучета и не пипај копчета“

 

Ко­га ма­ке­дон­ски­от ја­зик се тит­лу­ва со ма­ке­дон­ски пре­вод

 

Ре­чи­си за сто де­на од из­бо­рот за пре­тсе­да­тел на не­ко­гаш моќ­на­та пар­ти­ја, гра­до­на­чал­ни­кот на Стру­ми­ца ос­тва­ри не­кол­ку важ­ни це­ли во сво­ја­та ка­ри­е­ра. Не­кои го по­стиг­ну­ва­ат тоа за цел еден век, не­ко­му му се по­треб­ни де­це­нии и го­ди­ни. Зо­ран За­ев тоа го сто­ри за по­мал­ку од три ме­се­ци.

goran-kol-11-ZaevZ

Пр­во, За­ев им се при­дру­жи на Ари­сто­тел, Пла­тон, Ма­ки­ја­ве­ли и оста­на­ти­те врв­ни те­о­ре­ти­ча­ри на по­ли­тич­ка­та мис­ла. Со сво­ја­та иде­ја за„на, во на­ци­о­на­лен иден­ти­тет“, За­ев вне­се све­жи­на во по­ли­тич­ка­тате­о­ри­ја. И гра­ѓа­ни­те, но и про­фе­со­ри од врв­ни свет­ски уни­вер­зи­те­ти ка­де што се изу­чу­ва иден­ти­те­тот се­га оче­ку­ва­ат до­об­јас­ну­ва­ње што точ­но зна­чи оваа ко­ва­ни­ца на ли­де­рот на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз. Да­ли се ра­бо­ти за нов вид син­та­кса се за­пра­шаа врв­ни­те ја­зи­ча­ри? Воз­бу­де­но е и ли­те­ра­тур­но­то кри­ло на МА­НУ. Ка­ко ни­кој до­се­га не се се­тил вома­ке­дон­ски­от ја­зик да ко­ри­сти пред­ло­зи во ва­ква ком­би­на­ци­ја? Од­го­во­ри се ба­ра­ат и за на­чи­нот на кој прес-служ­ба­та на СДСМ оваа до­се­га не­ви­де­на, ве­ро­јат­но и ге­ни­јал­на, кон­струк­ци­ја ја прет­ста­ви ка­ко со­се­ма нор­мал­на ра­бо­та.

Вто­ра­та важ­на ра­бо­та што ја ос­тва­ри За­ев во овие не­де­ли отка­ко ста­на ли­дер е тоа што со не­ве­ро­јат­на лес­но­ти­ја до­ка­жа де­ка си­те не­го­ви прет­ход­ни га­фо­ви, не­бу­ло­зи, за­ка­ни за пу­ка­ње, ка­ни­ба­ли­стич­ки ис­па­ди и дру­ги вер­бал­ни ис­па­ди не би­ле слу­чај­ни, ту­ку де­ка тој ра­бо­ти по си­стем кој не­ма на­ме­ра да го ме­ну­ва. За­ев, и осо­бе­но не­го­ва­та пар­ти­ја, всуш­ност, ни нај­а­ви­ја де­ка и во ид­ни­на се­ко­гаш ко­га го­во­ри За­ев, ме­ди­у­ми­те, а и гра­ѓа­ни­те, тре­ба да се кон­сул­ти­ра­ат со ја­зи­ча­ри, пси­хо­ло­зи, ну­три­ци­о­ни­сти и дру­ги ви­до­ви екс­пер­ти пред да се до­не­се вред­но­сен или ка­ков би­ло друг суд за не­го­ви­те по­ра­ки. Што ќе се слу­чи ко­га еден ден, ако ста­не пре­ми­ер, За­ев оти­де во Ва­ти­кан, на при­мер, и ка­же де­ка па­па­та по­ра­но жи­ве­ел на Би­ха­ќка? Ка­ко ли СДСМ ќе го оправ­да сво­јот ли­дер ко­га на не­кој иден, на при­мер, аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел му ка­же де­ка идол му би­ла Са­ра Пеј­лин, ко­ја, ка­ко и тој, во ви­со­ка­та по­ли­ти­ка дош­ла од ма­ло ме­сто? Овие за­мис­лени ва­ри­јан­ти на ис­па­ди на За­ев не се тол­ку не­ве­ро­јат­ни по се­то тоа што го ви­дов­ме до­се­га од не­го.

И, ко­неч­но, тре­та­та ра­бо­та што ја до­ка­жа За­ев пос­лед­ни­ве ме­се­ци е де­ка тој низ ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки сци­ли и ха­риб­ди ќе мо­ра да пло­ви сам. Ќе ја не­ма под­др­шка­та од ин­те­ле­кту­ал­на­та и мар­ке­тин­ш­ка ин­фра­стру­кту­ра, ко­ја би тре­ба­ло да ја има нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, ка­ко што е ред во се­ко­ја нор­мал­на зем­ја. Ама­тер­ско­то од­не­су­ва­ње на ко­му­ни­ка­ци­ски­от цен­тар на СДСМ, кој по пос­лед­ни­те не­бу­лоз­ни за­ка­ни за туж­би и твр­де­ње­то де­ка За­ев упо­тре­бил не­по­стој­на, не­ло­гич­на, не­пис­ме­на, па, ако са­ка­те, и глу­па­ва кон­струк­ци­ја од збо­ро­ви, јас­но му по­ра­ча де­ка е оста­вен на це­ди­ло и де­ка ако са­ка да до­бие под­др­шка, ќе мо­ра да ја на­вед­не „кич­ма­та“, да за­бо­ра­ви де­ка мо­же да би­де но­ви­от Бран­ко и да се сог­ла­си да би­де уба­во­то, но не и глав­но­то и нај­ум­но­то ли­це на но­ви­от СДСМ. Без при­тоа да се за­не­су­ва де­ка тој ќе би­де чо­ве­кот око­лу кој ќе се вр­ти сè во пар­ти­ја­та, не­што за што му се лу­ти мно­гу­ми­на отка­ко убед­ли­во по­бе­ди на прет­пос­лед­ни­от кон­грес на СДСМ.

Што се од­не­су­ва до не­при­мер­ни­те кон­струк­ции на СДСМ де­ка „Ре­пуб­ли­ка“ е дел од не­ка­ква ме­ди­ум­ска кам­па­ња, ко­ја на­мер­но и со план ги из­вр­те­ла збо­ро­ви­те на За­ев, ќе го по­тсе­ти­ме порт­па­ро­лот на СДСМ и не­го­ви­те на­ред­бо­дав­ци де­ка нај­мал­ку во по­ло­ви­на­та од пр­ви­те 44 бро­ја на не­дел­ни­кот беа об­ја­ве­ни ин­терв­јуа со ви­со­ки прет­став­ни­ци на СДСМ, лу­ѓе што ва­жат или ва­же­ле за бли­ски на пар­ти­ја­та, лу­ѓе што би­ле во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ или ин­те­ле­кту­ал­ци што иде­о­ло­шки или на друг на­чин се иден­ти­фи­ку­ва­ат во јав­но­ста ка­ко глас­но­го­вор­ни­ци на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. До­пол­ни­тел­но, ре­чи­си во се­кој број на не­дел­ни­кот пре­ку из­ја­ви за тек­сто­ви или ци­ти­ра­ње од дру­ги ме­ди­у­ми се при­сут­ни огро­мен дел од лу­ѓе­то на­ве­де­ни прет­ход­но.

Се­пак, без раз­ли­ка на гру­би­те и не­при­мер­ни ла­ги што во слу­ча­јов ги ко­ри­сти пар­ти­ја­та, „Ре­пуб­ли­ка“ и на­та­му ќе оста­не отво­ре­на за сè што има­ат да ка­жат опо­зи­ци­ја­та и СДСМ, ка­ко нај­си­лен дел од неа. По­тре­ба­та од де­ба­та и ар­гу­мен­ти за се­ко­ја те­ма од ин­те­рес за гра­ѓа­ни­те е до­вол­на за да ги про­сти­ме ха­о­сот и зло­ба­та што ја по­ка­жа СДСМ. Та­ка ќе оста­не и по нај­а­ве­на­та туж­ба и суд­ска раз­вр­ска. Ка­ко и се­кој друг ме­ди­ум, кој ма­ка ма­чи да функ­ци­о­ни­ра во те­шка­та ме­ди­ум­ска со­стој­ба, не по­са­ку­ва­меда се вле­че­ме по су­до­ви, но би­деј­ќи зна­е­ме де­ка не се ра­бо­ти за на­ша гре­шка, под­го­тве­ни сме на прав­на раз­вр­ска. На про­цес во кој За­ев, исто ка­ко и од­го­вор­ни­те во „Ре­пуб­ли­ка“, ќе мо­ра да од­го­во­ри на мно­гу пра­ша­ња. Пр­во­то, без­дру­го, ќе би­де што е тоа „на, во на­ци­о­на­лен иден­ти­тет“ и ка­ко до­шол до та­ква кон­струк­ци­ја.

„Ре­пуб­ли­ка“ се из­ви­ну­ва.

Но­ви­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та, Зо­ран За­ев, кој за се­бе сме­та де­ка „не бил пад­нат од не­бо“ на по­ли­тич­ка­та сце­на, ре­чи­си во се­кое јав­но по­ја­ву­ва­ње ка­жу­ва по не­кој гаф за кој по­доц­на се прав­да. Но, очиг­лед­но, овој пат се над­ми­на се­бе­си. Се­пак, иа­ко „кон­струк­ци­ја­та“ сам си ја из­мис­ли, затоа ре­ши да го об­ви­ни ме­ди­у­мот кој му го об­ја­ви ин­терв­ју­то ин­те­грал­но, без ни­ка­кви ко­рек­ции и кра­те­ња. Да, приз­на­ва­ме де­ка сме ви­нов­ни што го об­ја­вив­ме ин­терв­ју­то од прв до пос­ле­ден збор! И, да ви­нов­ни сме што не ко­ри­стев­ме крип­то­лог за да ја де­ши­фри­ра­ме не­го­ва­та из­ја­ва! Но, ако За­ев и не­го­ви­те со­вет­ни­ци за од­но­си со ме­ди­у­ми­те об­ви­ну­ва­ат за не­по­чи­ту­ва­ње на но­ви­нар­ски­те стан­дар­ди, доб­лес­но е да об­јас­нат и што точ­но зна­чи не­го­ва­та ко­рект­но пре­не­се­на из­ја­ва.

Од нив ве­ќе ре­чи­си ед­на не­де­ла че­ка­ме од­го­вор зо­што пред из­ле­гу­ва­ње­то во про­даж­ба на не­дел­ни­кот не од­го­во­ри­ја на ЧЕТИРИ на­ши те­ле­фон­ски по­ви­ци? Исто та­ка, че­ка­ме од­го­вор и на пра­ша­ње­то зо­што ако им би­ла тол­ку очиг­лед­на на­ша­та на­ме­ра да го из­вал­ка­ле име­то на нив­ни­от ли­дер, ре­а­ги­ра­ат по це­ли пет де­на, а ин­терв­ју­то исто тол­ку де­на им стои об­ја­ве­но на веб-сај­тот на СДСМ? Не им е лес­но и на не­го­ви­те пар­ти­ски со­ра­бот­ни­ци со ва­ков ли­дер. Им тре­ба­ше ду­ри пет де­на да ја де­ши­фри­ра­ат кон­струк­ци­ја­та на ре­че­ни­ца­та на ли­де­рот. И не мо­же чо­век да им за­бе­ле­жи што им тре­ба­ло тол­ку вре­ме! На кра­јот, ду­ри мо­ра­ле и да ја тит­лу­ва­ат ви­де­о­из­ја­ва­та за да го убе­дат на­ро­дот де­ка ка­жал не­што што не се ни оби­доа да го об­јас­нат што зна­чи. Нај­те­шко му е на на­ро­дот. Зар во ид­ни­на ќе тре­ба гра­ѓа­ни­те да ги сле­дат из­ја­ви­те на За­ев со пре­вод? Ако тој не знае јас­но и глас­но да си го ка­же сво­јот став во вр­ска со нај­го­ле­ми­от проб­лем на ма­ке­дон­ски­от на­род во не­го­ва­та по­но­ва исто­ри­ја, то­гаш тоа е не­гов ли­чен проб­лем и не­ма зо­што да им се лу­ти ни­ту на ме­ди­у­ми­те ни­ту на но­ви­на­ри­те. Ед­но­став­но, ако по­стои не­ка­ква гре­шка, таа е не­го­ва и за тоа не­прин­ци­пи­ел­но е да об­ви­ну­ва дру­ги.

Кој му го тоа на За­ев на­пра­ви?

До­бро ин­фор­ми­ра­ни из­во­ри на „Ре­пуб­ли­ка“ за со­стој­би­те во СДСМ не иск­лу­чу­ва­ат де­ка ама­тер­ска­та од­лу­ка на пар­ти­ја­та по це­ли пет де­на да ре­а­ги­ра на ве­ќе за­бо­ра­ве­но пра­ша­ње ја по­вр­зу­ва­ат со оби­дот на дел од не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци де­фи­ни­тив­но да го убе­дат де­ка тој не тре­ба да би­де удар­на­та ту­па­ни­ца во јав­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја на пар­ти­ја­та. По не­кол­ку­те га­фо­ви на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник, со кои тој го до­би епи­те­тот „ми­стер гре­шка“, дел од но­во­то нај­ви­со­ко ра­ко­водс­тво на СДСМ сме­та де­ка За­ев тре­ба по­ве­ќе да ра­бо­ти на те­рен и на стру­ктур­но за­јак­ну­ва­ње на пар­ти­ја­та, а по­мал­ку да из­ле­гу­ва на ин­терв­јуа и да ри­зи­ку­ва да би­де по­греш­но раз­бран ка­ко што тоа до­се­га не­при­фат­ли­во му се слу­чи по­ве­ќе па­ти. Има и та­кви што сме­та­ат де­ка од­лу­ка­та на пар­ти­ја­та да ор­га­ни­зи­ра прес-кон­фе­рен­ци­ја и да се за­ка­ну­ва со туж­би е де­ло на дел од при­вр­за­ни­ци­те на Цр­вен­ков­ски кои сè уште не мо­жат да го под­не­сат За­ев и по­ра­ди тоа стру­ми­ча­не­цот од пар­ти­ја­та што ја ра­ко­во­ди бе­ше прет­ста­вен ка­ко ма­ло де­те, кое не знае што збо­ру­ва и за­тоа е по­треб­но да се тол­ку­ва, тит­лу­ва, кра­ти, до­те­ру­ва за да мо­же да го раз­бе­ре оби­чен чо­век. Из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“, кои во из­ми­на­ти­ве не­кол­ку ме­се­ци беа во пра­во за со­стој­би­те во СДСМ ре­чи­си 90 про­цен­ти, овој пат твр­дат де­ка За­ев сè уште не е све­сен де­ка слу­чај­но или на­мер­но пар­ти­ја­та што ја во­ди, со об­јас­ну­ва­ње де­ка са­ка да го за­шти­ти, всуш­ност, му на­не­се те­жок удар при­ка­жу­вај­ќи го ка­ко не­до­ве­тен по­ли­ти­чар кој тре­ба да би­де до­об­јас­нет од пар­ти­ски­от порт­па­рол.
Р.Р.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top