Поради силен ветер, камион со македонски регистарски таблички се превртел на автопатот Комотини – Ксанти во југоисточниот дел на Грција, а возачот поминал без никакви повреди, објавија локалните медиуми.
Сообраќајната несреќа се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, а за да се врати камионот на автопатот, најпрво било повикано кран – возило од Комотини, но било мало, по што пристигнало поголемо од грчкиот град Кавала.
– Според очевидец, за малку ќе се превртеше и втор камион што го следеше првиот, а ветерот го крена на две тркала, пишува информативниот портал „Ин Комотини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст