| четврток, 6 декември 2018 |

Давитковски не се виде со претседателот за оставката, но остава простор

комисија 24Претседателот на Комисијата за утврдување на состојбите од 24 декември, Борче Давитковски, не успеал да се сретне со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, поради претходни закажани обврски. Сепак, останува на ставот дека се повлекува од функцијата „поради дијаметрално спротивставените ставови на власта и опозицијата“ во однос на заклучоците и препораките што ги подготви Давитковски.

Всушност, Давитковски посочува дека до вторник сѐ одело како што треба, но дека од тогаш работата не се помрднува. Така, сега вели дека се повлекува од позицијата, но, според упатените, остава простор доколку инволвираните страни се договорат да стават потпис на документот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top