| четврток, 6 декември 2018 |

Шарлот повторно ќе биде Хорнетс

Шарлот Бобкетс доби дозвола од НБА да го промени името во Шарлот Хорнетс од почетокот на сезоната 2014/15.

Комесарот на НБА, Дејвид Стерн, за весникот „Шарлот обсервер“ објавил дека одлуката била донесен едногласно во поддршка на желбата на тимот од Шарлот. Дури сопственикот на Њу Орлеанс, Том Бенсон, дал согласност. Како што е познато, во 2002 година Шарлот Хорнетс беше преместен во Њу Орлеанс. А, две години потоа Шарлот доби нов тим – Бобкетс.

Од новата сезона тимот од Њу Орлеанс ќе се вика Пеликанс, и тоа му овозможува на тимот од Шарлот да го врати прекарот Хорнет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top