| четврток, 6 декември 2018 |

Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!

Емина Јаховиќ веќе воопшто не крие дека ужива со турскиот милијардер Садетин Саран. Медиумите го следат секој негов чекор, а како што тие неодамна пренесоа, Садетин тајно се сретнал со Мустафа Сандал со кого поразговарал,  бидејќи се знаат долги години. Како би ставиле точка на разните  нагажања, Мустафа решил да поразговара со новиот партнер на Емина насамо.

-Мустафа организирал тајна средба со Садетин во еден ресторан во Истанбул. Се поздравиле убаво, а потоа Мустафа кажал што има. Му објаснил на Саран дека тој секогаш тежнеел Емина да биде среќна и дека тој ја оставил мирна и среќна и сака така да остане-рекол извор близок на Мустафа.

Во еден момент му нагласил: Не би сакал да имаме проблем, јас од тебе барам само таа да биде среќна!

Тогаш Садетин му кажал дека не треба да се грижи и дека тој прави се за таа да биде среќна. Садетин дури останал затечен од постапката на Мустафа. Не очекувал дека тој ќе му го каже тоа. Емина е вистинска среќничка кога имала и има такви партнери-додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top