| четврток, 6 декември 2018 |

Л.А. Тајмс прашува: Ако Џеј Џеј Абрамс го режира „Војна на ѕвездите“, што ќе се случи со „Ѕвездени патеки“?

Тоа прашање веднаш се постави меѓу вљубениците на двете СФ франшизи на две големи филмски студија, едната на Парамаунт, другата на Дизни, откако вчера се објави дека Абрамс ќе го режира седмото продолжение на серијалот на Џорџ Лукас.

Според Парамаунт студиото, Абрамс, кој што ги режираше и „Ѕвездени патеки“ во 2009 и „Ѕвездени патеки: во темнина“ чија премиера е закажана на лето, ќе биде на некој начин вклучен доколку се снима и трето продолжение. За сигурно, останува дел во третата најважна франшиза на студиото- „Невозможна мисија“.

Во 2009 со враќањето на големото платно на „Патеките“ Абрамс ја освои младата публика преку подмладните карактери на Џин Роденбери, истовремено задоволувајќи ги и постарите верни фанови со појавата на Леонард Нимој како Спок. Затоа, очекувањата од продолжението се големи, пишува Лос Анџелес Тајмс.

 

Иако премиерата за „Ѕвездени патеки: во темнина“ е закажана за во мај, веста дека Џеј Џеј Абрамс ќе го режира седмото продолжение на „Војна на ѕвездите“ ги предизвика прашањата: кој би го режирал третиот дел, дали студиото би требало да сними нов филм, па и каква улога би имал Абрамс и неговите креативни партнери, сценаристи на новите „Патеки“ (Damon Lindelof, Alex Kurtzman, Roberto Orci). Доколку тој не режира, таа улога може да ја преземат некој од тројцата сценаристи, предвидува Лос Анџелес Тајмс.

Иако Абрамс останува во цврста врска со Парамаунт, сепак, директорите не би можеле да се пресреќни од идејата на Абрамс да работи за Дизниевите „Војна на ѕвездите“, во време на промотивната кампања за новите „Ѕвездени патеки“. Во најмала рака, новинарите најверојатно повеќе ќе се интрересираат да ја слушнат неговата верзија на визијата на Џорџ Лукас, отколку за мистеријата во „Патеките“.

Меѓу другите дела на Абрамс и креативниот тим од Бед Робот продукцијата е и серијата Фринџ, актуелна на МРТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top