| четврток, 6 декември 2018 |

Почна „Пивофест 2013“

Otvaranje pivo fest - prilep 2013 (33) (Custom)Со настапите на македонските легенди и нивните евергрини, како и концертот на хрватското дуо „Ту челос“ (2 cellos), синоќа почна најголемиот пивски фестивал во земјата „Пивофест“. Точно во 21 часот на сцената излезе Вера Јанковиќ, која ја загреа атмосферата за Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска и Драган Мијалковски. Пред да настапи дуото „Ту челос“, пак, Дани Димитровска ја подготви публиката за рок-доживувањето.

Otvaranje pivo fest - prilep 2013 (19) (Custom)

Меѓутоа, овде во Прилеп со пиење се почна уште од пладне кога скарите веќе беа загреани, а пивото оладено и подготвено за точење. Имајќи предвид дека денес е работен ден, бројот на посетителите на отварањето според градоначалникот Марјан Ристески е најголем досега, а колку пиво е испиено, а скара изедено ќе биде соопштено на прес-конференцијата напладне. Дотогаш погледнете како помина првиот ден на „Пивофест 2013“.

Otvaranje pivo fest - prilep 2013 (12) (Custom)

Целата галерија погледнете ја на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top