| четврток, 6 декември 2018 |

Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ ја донесе одлуката за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“. Ова е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

1. Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на:

– Кимет Агаи и Аднан Агаи; просветни работници

2. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:

– Владимир Милчин; режисер
– Емилија Стаменковиќ; балетски уметник
– Томислав Османли; писател

3. Во областа на здравството наградата му се доделува на:

– проф. д-р Борислав Каранфилски; патофизиолог

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2018 година (сабота ) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top