Дарко Лазиќ не може да ја сокрие среќата што неговата вереница Марина Гагиќ е трудна, но и што неговата ќерка Лорена ќе добие брат или сестра. Сепак, не им се допадна на сите оваа вест.
На првата ќерка на пејачот воопшто не и се допаѓа што ќе добие брат или сестра. Како пто дознава српски „Курир“, Лорена многу тешко ја примила веста дека веќе нема да биде едница. Таа почнала да плачи и да вришти во моментот кога ја дознала веста. Поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ, на сите начини се обидува да и олесни на ќерка си да ја прифати подобро оваа вест.
Четиригодишната Лорена наскоро за првпат ќе го посети татка си во болница. Се чека само состојбата на Дарко да се подобри доволно за тојод интензивна нега да биде пренесен во соба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.