| четврток, 6 декември 2018 |

Нагло влошена состојбата на Дарко Лазиќ

Откако пред неколку дена беше разбуден од вештачка кома, а здравствената состојба почна да му се подобрува, на Дарко Лазиќ му откажа и другиот бубрег, а кревката состојба се влоши.

Едниот бубрег на пејачо откажа пред првата операција, но со дијализа беше вратен во функција. Како што дознава срски „Телеграф“, по откажувањето вториот бубрег, паралелно почнала да се влошува и состојбата на првиот, кој веќе беше вратен во нормала.

Засега не се знае колку време Лазиќ ќе остане на дијализа. Според изворите на порталот од земунската болница, до откажување на бубрезите дошло поради преголемото внатрешно крварење кое пејачот го имал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top