| четврток, 6 декември 2018 |

Борче Давитковски се повлекува?

давитковскиБорче Давитковски ќе поднесе оставка од фунцкијата претседател на комисијата формирана за 24 декември бидејќи не успеал во напорите да обезбеди мнозинска поддршка од членовите за препораките и заклучоците што ги подготви, во соработка со двајцата експерти од Европската унија, јавува „24 Вести“.
Со нив беше предвидено одговорноста за инцидентите да биде поделена. Кај власта за исфрлањето на новинарите и пратениците, кај опозицијата за блокирањето на работата на Собранието.
Според ТВ „Алфа“, Давитковски ги потврдил овие наводи и најавил дека чека да завршат консултациите во двата блока. Ако нема позитивен сигнал, тогаш веќе утре ќе ја понуди оставката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top