Еден ден по Денот на благодарноста, американските купувачи со часови чекаат да се отворат продавниците надевајќи дека ќе набават производи со големи попусти.
Илјадници купувачи во САД, со цел поефтино да набават различни производи, традиционално застануваат во редици со часови пред да бидат отворени продавниците, ден по Денот на благодарноста, исто така познат и како „Црн петок“.
Меѓутоа, во јужниот дел на Тексас, неколку купувачи уште од понеделникот се наоѓаат пред продавницата „Best Bye“ во близина на Хјустон, надевајќи се дека ќе ги зграпчат најдобрите понуди.
– Ова е моето годишно кампување и заработувам околу илјада долари – вели Шерел Прат, купувач на Црн петок.
Шерел и Синди Армстронг ова го прават 13 години со ред. Купуваат подароци порано, земаат порачки и за други лица и купуваат производи кои потоа ги препродаваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.