Кумановчани информираат дека фабриката за производство на леб и бели печива „Жито Мел“ гори, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и снимки од пожарот кој ја зафати фабриката. Сопственик е Бајруш Сејдиу, а по неговото затворање ја водат членови од неговото потесно семејство. „Жито-мел“ е најголем производител на леб во Куманово и доколку огнот не биде брзо изгаснат, граѓаните стравуваат од опасност градот да остане без леб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.