| четврток, 6 декември 2018 |

Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години

Британското кралско семејство соочено е со кошмар предизвикан од американските даночници, бидејќи војвотката од Сасекс, сопугата на принцот Хари, како државјнка на САД ќе мора да плати данок како и сите други смртници.

Меган за време на предавањето на даночната пријава ќе мора јасно да разграничи што е нејзино, а што на црвенокосиот принц.

Во Бакингамската палата токму поради тоа стравуваат дека во јавност ќе протечат информациите за имотот на Хари, кој изнеусва неколку десетина милиони фунти, но и за имотот на кралицата Елизабета Втора и таткото на Хари, принцот Чарлс, кои учествуваа во плаќањето на дел од трошоците на раскошната венчавка и медениот месец на кој беше заљубениот пар. Воочи венчавката со принцот Хари во мај годинава имотот на Меган Маркл е проценет на 5 милиони американски долари. Од друга страна принцот Хари во моментов е шести во редот на наследување на тронот  на британската круна, има официјалнен годишен приход од својот приватен фонд од 300.000 фунти, на кои плаќа данок во Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top