| четврток, 6 декември 2018 |

За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово

Актерката Ирена Ристиќ вчера беше во посета на Прифатниот центар Визбегово, по што испрати апел на „Фејсбук“ за помош на сите дечиња кои живеат таму. Ристиќ додава дека таму има 14 семејства или вкупно 94 лица. Деца се 57, од кои у школо идат 27, плус 10 на вечерно и 7 во градинка.

Доколку сакате да помогнете, ова се работите кои им се потребни:

– школски прибор, тетратки, пенкала, моливи, боички, ранци.
– облека и обувки и за деца и за возрасни, особено зимски.
– конзервирана храна, макарони, зејтин, паштети.
– јоргани, ќебиња, перници, постелнини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top