Смок од 2 метри беше забележан во саботата пред продавницата „Нептун“, како слободно шета по улицата.
Змијата создаде паника помеѓу граѓаните, кои ја сретнале по улицата „Ленинова“ во Струмица. Очевидец за Струмицанет раскажува дека смокот претходно бил забележан позади новите згради до еден автомобил, и додека тој влегувал во автомобилот, смокот во еден момент се исправил во висина од околу еден метар и со задниот дел на опашката го удрил по десната рака и побегнал.
Фото: Струмицанет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.