| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту повреден, а во тек е утврдување на идентитетот на девојката самоубиец, пренесе „Индепендент“.

Девојката за време на преминот низ контролниот полициски пункт активирала експлозивна направа, рекол вршителот на должност министер за внатрешни работи за Чеченската Република, генерал на полицијата, Апти Алаудинов.

Според него, полицајците, кои забележале дека девојката чудно се однесувала, побарале од неа да застане и да им покаже документи.

Игнорирајќи го тоа, девојката се упатила кон пунктот. Полицајците забележале дека таа носи експлозив и испукале предупредувачки истрел во воздухот, по што девојката го активирала експлозивот.

Жртви во инцидентот нема, полицајците успеале да ја задржат жената подалеку од себе. Во тек е утврдување на идентитетот на девојката и се трага за евентуални соучесници во нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top