| четврток, 6 декември 2018 |

Кадиров: Подготвен сум да го дадам животот за Путин

Ramzan_Kadyrov_December_2011-1Претседателот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров денеска објави на социјалните мрежи дека е подготвен да го жртвува својот живот за Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 март го одликува чеченскиот лидер Кадиров со Орден за исклучителни достигнувања, додека народниот пратеник Андреј Луговој доби Медал за заслуги од втор степен.

Кадиров изјави дека сите заслуги за мирот и стабилноста на Чеченија се на Владимир Путин, јави ТАСС.

– Само неговата мудра политика, поддршка и помош, овозможија да се постигне стабилен мир, да заживее републиката, нејзината економија, култура и духовност, истакна Кадиров, додавајќи дека давањето на својот живот за таква личност е најлесна задача.

Кадиров е одликуван ден откако истражните органи соопштија дека двајца Чеченци, од кои еден поранешен полицаец, се уапсени под сомнение за учество во убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов на 27 февруари во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top