| четврток, 6 декември 2018 |

Испратено извинување: Луѓето кои дрско ја набркаа бабичката кај Буњаковец се комунални редари на Општина Центар

Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец“, кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Редарите ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.

– Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста. Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени. Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, велат од општината.

Избркана и омаловажена жената што продава бадеми кај „Буњаковец“ (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top