Општина Центар преку соопштение се извини за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец“, кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Редарите ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми.
– Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста. Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени. Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, велат од општината.
Избркана и омаловажена жената што продава бадеми кај „Буњаковец“ (видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст