| четврток, 6 декември 2018 |

Видео од Клинички центар: Арамиите фатени на дело

Тројцата арамии кои со месеци крадеа од докторрите и пациентите во Клиничкиот центар во Скопје, како што веќе објавивме, се фатени со помош на видео камерите поставени во ходниците на центарот.

МВР соопшти дека на 16-ти месецвов Канцеларијата за криминалистички работи од ПС Аеродром, поради сомнение за сторено кривично дело ги приведе лицата А.С.(36), З.П.(47) и Д.С.(43) тројцата од Скопје осомничени за „кражба“ казниво по член 235 и 236 од КЗ на Република Македонија.

A.S. klinicki

Имено лицата се затечени во близина на Клиничкиот центар во Скопје каде што примаат метадонска терапија и при извршениот преглед на лицата од страна на полициските службеници  пронајдени се клучеви од ПМВ, плочка од Авторадио со ЦД во футрола, очила за сонце и лични документи на име од друго лице при што лицата се приведени во ПС Аеродром.

D.S klinicki

По обавениот разговор со нив утврдено е дека З.П. и Д.С. искористиле згодна прилика при што од стол во библиотеката на Клиничкиот центар додека Д.С. му го одвлекувал вниманието на докторот кој бил во просторијата, З.П. украл една женска  чанта оставена на едно столче по што заедно ја напуштиле просторијата и незабележани од никого излегле од објектот да го чекаат А.С. Во меѓувреме, З.П. од украдената чанта задржал само клучеви од ПМВ со кои пробал да го најде возилото, но не успеал во тоа, по што му ја дал чантата на А.С., кој под изговор дека случајно ја пронашол, ја оставил на портирницата од Клиничкиот центар.

Z.P. klinicki

Пријавените по настанот продолжиле да се движат по паркингот на Клиничкиот центар при што во еден момент лицето А.С. се одделил од групата и од ПМВ „Форд Мондео“, користејќи згодна прилика, преку отворениот прозорец ги одземал предметите пронајдени при прегледот и се обидел со украдените банкарски картички од банкомат да извади пари, но неуспеал во својата намера. Лицата од извршените кривични дела се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Од страна на ККР Аеродром, пронајдените предмети со потврда за вратени предмети се вратени на сопствениците. Се превземаат мерки за докажување на инволвираност на лицата за сторени и други кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top