Затвореник од затворот во Идризово починал во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера. Затвореникот В.М.(54) починал околу 6:30 часот, а во Ургентниот центар бил донесен на 13-ти попладнето откако претходно му се слошило.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.