| четврток, 6 декември 2018 |

Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!

Министерот за здравство,Венко Филипче во текот на вчерашниот ден даде изјава по медиумите дека министерството активно работи на конечно решение на сообраќајниот хаос и паркирањето во Клинички центар. Исто така, беше потенцирано и дека Министерството за здравство работи и на нови решенија за поквалитетни услуги за детската кардиохирургија и ин витро фертилизацијата. Но дали тоа е навистина така и каква е состојбата во клиничкиот центар?

Иако состојбата не е баш најсјајна, министерот и покрај се изгледа дека најмалку се грижи за сообраќајниот хаос, за гужвите низ клиничкиот центар, за нередовното пристигнување на пациентите, за услугата мој термин, за ветувањето за катната гаража. Од министерството за здравство посочија неколку пати дека ќе ги решат работите и проблемите со сообраќајниот хаос на клиничкиот центар, меѓутоа тоа е сеуште само мечта за македонските граѓани, за македонските пациенти. Не се решава ниту вишокот на возила, не се доделува тендерот за паркинзите и за чистотата во клиничкиот центар на некоја друга компанија, освен на коалициониот партнер од власта, ДУИ.

Колку само за потсетување пред неколку недели поради натрупаните возила и сообраќајниот хаос кој владееше и сеуште владее во клиничкиот центар во Скопје, една 68 годишна пациентка пробивајќи си го патот од една кон друга клиника била удрена со лесно моторно возило и веднаш била пренесена во ургентниот центар каде и била укажана медицинска помош. Оваа пациентка е само една од низата вакви случаи кои власта и министерството ги кријат од очите на јавноста, само да се покажат себеси во убаво светло.

извор: здравство.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top