Повисоки плати за здравествените работници и подобри здравствени услуги за граѓаните, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој во дебатата на 1ТВ, информираше дека се зголемени платите во здравството за 5 отсто.
-Додека дека оваа влада направи инвестиција како што никогаш не била направена, со што планираме дополнително зголемување на платите, од јануари следната година, не само за докторите специјалисти, туку на сите здравствени работници во јавното здравство – рече Филипче.
Министерот Филипче посочи дека министерството мора и бара начин како да ги подобри услугите за граѓаните, да се даде подобар квалитет, но за истата сума на пари. Предлогот за Јавно-приватно партнерство е едно од можните решенија. Тој вели дека не станува збор за зголемување на трошоците или повеќе давачки за граѓаните, туку за оптимално искористување на средствата.
-Знаеме дека граѓаните се преморени од чекање, дека само нешто се најавува и со години се говори за реформи. И затоа, треба да се направи и нешто што може да даде за многу скоро време видливи резултати. Токму во таа насока се овие најави за физибилити студии, кои сега ги правиме. Некои се започнати, а некои допрва ќе ги започнеме. Целта е да оцениме дали според тој модел на јавно-приватно партнерство, средствата кои секако се вложуваат во здравството, може да бидат поефикасно искористени, а преку тоа пациентите да имат поефективна и поквалитетна здравствена заштита. Не е експериментален потег. Тоа се искуства кои се секако имплементирани во многу развиени земји – потенцираше Филипче.
Филипче смета дека овој предлог ќе биде успешен модел за нашето здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот за здравство не знае дека на Клиниката во Чаир нема греење, рече не бил запознаен, но ќе дознае и ќе реши
-
Министерот Филипче призна: Нема тетанус!
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари